
На 23 март во Штип ќе пристигнат сите проректори за меѓународна соработка од универзитетите членки на европската универзитетска алијанса. Тие ќе учествуваат на низа работни состаноци посветени на студентските и професорските мобилности. Ќе се прави пресек на досегашните академски размени. Истовремено ќе се утврдуваат насоките за идните заеднички активности. Средбите ќе траат до 27 март.
,,Специфично од 23 до 27 март се планирани серија на активности во рамките на европската универзитетска алијанса во која што сме членки. Активностите произлегуваат од работата на алијансата, а се поврзани со неколку настани. Од една страна ќе има настн кој што е поврзан со темата утврдување, насочување, дефнирање, односно еден преглед во која насока биле и се оствариле мобилностите до сега во алијансата, во смсла моблности на студенти и на професор, размена на студенти, бидејќи учествувале на разни едукативни активности и слично и вториот настан ќе бидат се разбира присутни тука меѓународните, односно проректоре за мегународна соработка. Сите вклучени во одделот за мехународна соработка.“, рече Никодиновска Крстевска
Идејата како што посочи Никодиновска Крстевска е да се утврдат и да ги постават темелите на правниот ентитет на новата европска универзитетска алијанса
,,Идејата е во два дена ние да ги утврдиме и да ги поставиме темелите на правниот ентитет на новата европска универзитетска алијанса. Идејата од друга страна е да се креира еден правен ентитет еден единствен универзитет, кој што ќе има меѓународен субејктивитет и кој што ќе како универзитет еден сочинет од овие девет ќе може да издава европска диплома на студентите, која што ќе бде признаена. И практично преку овој европски ентитет ние ќе направиме заеднички мастер програма, посдипломски студии, докторски студии и понатаму здравје во иднина на олгорочен план и заеднички додипломски студии.“, додава Никодиновска Крстевска
Инаку, накрај е предвдено Музичката академија да организира и целовечерн концерт, со цел да ја доблже македонска култура, песна, традиција до гостите кои што ќе ги има универзитетот во градот под Исарот.
Иван Митев, М-Нет