
Расте бројот на разводи а браковите траат се пократко. Многу често љубовта завршува пред суд наместо дома. Причините се различни, од финансиски проблеми до недостиг на комуникација и доверба. Она што порано се решавало со трпение, денес завршува со разделба. Ги прашавме граѓаните зошто, според нив, бракот се полесно се распаѓа.
Според државниот завод за статистика, Во посленото тримесечје од изминатата година, се склучени 3 514 бракови и нивниот број е намален за 2.8 % во споредба со истиот период од 2024 тата, а регистрирани се 470 разведени бракови, што претставува зголемување од 27.7 % во споредба со истиот период од 2024 година.
Во третото тримесечје од 2025 година, во споредба со истиот период од 2024 тата, исто така бројот на живородените деца е зголемен за 3.7 % и изнесува 4 431.
Иван Митев, М-Нет