Штипјанецот Еди Мандак ново засилување на Брегалница од Делчево!

Брегалница од Делчево добива големо засилување за пролетниот дел од Трета лига – Исток, тимот го промовираше Еди Мандак, кој пристигна од редовите на второлигашот Брегалница од Штип.

Третолигашот од Делчево добива млад 20-годишен напаѓач кој е голем талент и одличен голгетер, па на тој начин клубот значително ќе ја подобри ефикасноста во нападот за пролетниот дел, каде ќе се цели за што повисок пласман на табелата. Тимот од Делчево есенскиот дел го заврши на шестото место со 12 бодови.

Покрај за Брегалница од Штип кој е негов матичен клуб, Мандак настапуваше и во Беласица во Струмица.

Третолигашите на Истокот пополека ги започнуваат подготовките за пролетниот дел. Победа од Валандово прва ги започна подготовките, а непоразениот лидер веќе одигра и неколку пријателски натпревари. Старт на подготовките означија и Овче Поле од Свети Николе и струмичка Тиверија.

Александар Ванев, М-Нет