Македонските транспортери се повлекоа од протестите, во вторник состанок на министрите од Западен Балкан

Македонските камионџии се повлекоа од граничните премини од вчеравечер откако ЕУ посочи дека ќе се обиде да најде решение за нивниот проблем. Иста одлука донесоа и превозниците од Црна Гора, додека транспортерите од Србија и Босна и херцеговина и денеска продолжуваат со блокада на товарните терминали на граничните премини.

Во текот на вчерашниот ден се објави нова визна стратегија што би го решила проблемот со ограничувањата за престој на професионалните возачи во Шенген зоната.

Во вторник, 3 февруари, ќе се одржи состанок на министрите од сите земји од Западен Балкан со претставници на Европската комисија за проблемот на превозниците од регионот во Шенген зоната.
Новата визна стратегија на ЕУ што се презентираше, како што беше најавено, ќе им помогне на превозниците од Западен Балкан, бидејќи „ЕУ сака да овозможи пофлексибилни правила за прекуграничните работници“.

Возачите на камиони од Северна Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина почнаа да ги блокираат граничните премини во понеделникот, 26 јануари, сметајќи дека новиот систем за контрола на влез и излез (ЕЕЅ) во Шенген зоната дискриминира превозници од ЕУ.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет