Од средината на годината започнува реконструкцијата на студентскиот дом „Браќа Миладиновци“ во Штип

Целосно ќе се пристапи кон реконструкција на државниот студентски дом „Браќа Миладиновци“ во Штип. Во текот на оваа година треба да започне замената на водовдната и канализациона мрежа, електричната инсталација, а ќе се работи и на замена на кровот, фасадата и кујната во домот. Ова е како дел од Националниот проект за реконструкција на студентски домови на ниво на државата.

„Со самата реконструкција ќе се зголеми комфорот и функционалноста на собите на сите студенти, ќе се замени целосно водоводната и канализациона инсталација, санитарната опрема и поставување на керамички плочки во санитарните јазли. Имаме целосна замена на електричната инсталација, целосна замена на системот за греењ, изработка на енергетско ефикасна фасада, замена на кровната конструкција и прозорците, поставување на фотоволтаични системи и производство на електрична енергија и комплетно реновирање на кујната.“ – вели Барбашка.

Предвидено е реконструкцијата да започне кон средината на месец јули оваа година, и да биде целонсо завршена во рок од 18 месеци. На ваков начин ќе се овозможат подобри услови за учениците и студентите кои престојуваат овде.

„Планирано е реконструкцијата на студентскиот дом да започне од 15 јули 2026 година. Самата реконструкција треба да заврши во периодот од 18 месеци“ – додава Барбашка.

За реконструкција на домот ќе бидат одвоени над два милиони евра, средства обезбедени преку заем.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет