
Третолигашот Овче Поле од Свети Николе означи старт на зимските подготовки за вториот дел од сезоната во Третата македонска фудбалска лига – Исток.
Овој третолигаш е вториот кој ги започнува зимските подготовки после лидерот Победа Валандово.
Овче Поле за пролетниот дел ќе ангажира неколку нови засилувања со кои ќе го подига квалитетот во сопствените редови, бидејќи тимот од Свети Николе во пролетниот дел ќе се обиде да ја надокнати бодовната негатива во однос на непоразениот лидер Победа од Валандово која е шест бодови.
Овче Поле презимува на третото место со 22 бодови, а целта на тимот ќе биде да стигне до првата позиција со која покрај тоа што ќе биде шампион на Истокот ќе игра и бараж за влез во Втора лига.
Овој тим играше бараж за влез во Втора лига во сезона 2021/2022 година кога загуби од сега веќе прволигашот Арсими.
Тимот од Свети Николе ќе одигра и неколку пријателски натпревари за проверка на формата.
Александар Ванев, М-Нет