
Вчера беше одржано 71. издание на манифестацијата „Спортист на годината за 2025“, каде сите спортисти од Македонија беа собрани на едно место.
На свечената церемонија боксерот Ален Рустемовски кој е освојува на сребрен медал од Европското првенство до 23 години во Ерменија беше избра за најуспешен спортист за 2025 година.
Приздание за најдобра спортистка за 2025 година и припадна на Катерина Попева, бодибилдинг и фитенс, а која во Шапниај се закити со титулата светски шампион на Светското првенство во бодибилдинг и фитнес.
Наградите ги врачи министерот за спорт Борко Ристовски, кој упати искрени честитки до добитниците, посакувајќи им уште поголеми успеси во иднина.
За најуспешен млад спортист беше избран Адријан Рустемовски (бокс), најуспешна млада спортиска Данела Алексовска (бразилска џиу џица), најуспешен женски национален тим Ракометната репрезентација на Македонија (сениорки), најуспешен машки национален тим Одбојкарската репрезентација на Македонија (сениори).
Најуспешен тренер/селектор е Могамед Ибрагимов (борење), најсупешна национална спортска федерација е Џудо федерацијата на Македонија, најсупешен спортист со инвалидитет е Андреј Стојановски (пливање).
Најуспешан спортска екипа од Универзитетите – Машки тим во мал фубдал Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, најуспешен училишен спортски клуб од средите училишта СУГС „Никола Карев“ од Скопје.
Најуспешен училишен спортски клуб од основните училишта ООУ „Никола Карев“ од Кочани, а пак специјално признание доби Петар Цеков (пливање).
Александар Ванев, М-Нет