Падна потпорен ѕид на улицата „Љубен Иванов“ во Штип и оштети неколку паркирани возила

Падна потпорен ѕид на улицата Љубен Иванов во Штип кај клиничката болница. Утринава нешто по 9 часот, дел од потпорниот ѕид се срушил при што паднал и оштетил две паркирани возила кои се наоѓале таму. Луѓето од Велес дошле на преглед во штипската Клиничка болница. Сведочат дека го оставиле возилото и тргнале кон болницата и наеднаш само слушнале врева и виделе дека ѕидот паднал врз возилото.

„Паркирано возилото и само што појдовме на угорницата и слушнавме и кога дојдовме кога видовме тука страшно. Среќа се поправа, само да се живи и здрави децата.“ – вели Крстевска.

На лице место излегоа од СВР Штип за регулирање на сообраќајот на потегот околу болницата. Простотор беше исчистен од страна на екипи од ЈП Стипион. Според првичните инфромации потпорниот ѕид падна како резултат на неповолните временски услови.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет