Колку навистина се знаат итните броеви на памет ?

Во итни случаи, секунда може да значи разлика меѓу живот и смрт. Токму затоа, познавањето на итните телефонски броеви е од пресудно значење за навремена реакција и спречување на несакани последици. Во услови кога несреќите и итните случаи се се почести во денешницата, граѓаните на Штип се согласни дека овие броеви мора да се знаат на памет. Но, колку навистина се подготвени кога ќе се соочат со опасност? Во продолжение проверивме дали штипјани ги знаат итните броеви кога се најпотребни.

На крајот, познавањето на итните телефонски броеви не е само прашање на информираност, туку и на лична одговорност. Во критични моменти, брзата и навремена реакција може да спаси човечки живот.

За таа цел, повторно се потсетува на најважните итни броеви: 194 за Брза помош, 193 за Противпожарната служба, 192 за Полицијата, 196 за АМСМ – помош на пат, како и 195 за Центарот за известување и тревожење.

Дополнително, веќе неколку години во употреба е и европскиот единствен број за итни случаи – 112, преку кој граѓаните со едно јавување можат да добијат која било итна служба.

Иван Митев, М-Нет