Глоби до 500 евра и одземање возачка дозвола – камерите на „Безбеден град“ од февруари ќе ги бележат сите прекршоци

Глоби до 500 евра и одземање возачка дозвола – камерите на проектот „Безбеден град“ од први февруари ќе ги бележат сите прекршоци

За пречекорување на брзината во населено место, казните се движат од 15 до 300 евра, зависно од брзината. За пречекорување на брзината надвор од населено место од 20 до 300 евра . Поминување на црвено казна од 250 евра и забрана за упраување од 3 до 12 месеци. Непрописно паркирање и запирање глоби од 25 евра до 180 евра, а за нерегистрирано возило глоба и до 500 евра во зависност од истекот на рокот на регистрацијата. Сообраќајните камери поставени во рамки на системот „Безбеден град“ автоматски ќе ги евидентираат прекршоците и ќе овозможуваат санкционирање без присуство на сообраќајна полиција на терен.

„За пречекорување на брзината во населено место, казните се движат од 15 евра за надминување до 10 километри на час, за возење од 30 до 50 километри на час над дозволеното до 300 евра и забрана за управување од 3 до 12 месеци.

За пречекорување на брзината надвор од населено место казните до 30 километри на час над дозволеното 20 евра, до 50 километри над дозволеното 50 евра, а над 50 казната е 300 евра.

Поминување на црвено светло 250 евра глоба и забрана за управување од 3 до 12 месеци.

За непрописн паркирање и запирање глоби од 25 до 180 евра, во зависност од тежината на прекршокот, а за учество во сообраќајот со нерегистрирано возило казната е 500 евра, а ако истекот на рокот на сообраќајната дозвола е до 30 дена тогаш глобата е 100 евра.“, велат од МВР

Од Министерството за внатрешни работи потенцираат дека е овозможено намалување на санкциите – доколку глобата се плати во рок од осум дена, се плаќа 50 проценти од износот, а доколку е изречена и забрана за управување, таа се намалува за половина од пропишаниот рок. Целта на мерките е намалување на сообраќајните незгоди и зголемување на безбедноста на граѓаните.

Иван Митев, М-Нет