
Вандализам го пустоши централното градско подрачје во Штип. Искрешни саксии, расфрлани цвекиња, земја по тротоарот, вака изгледа од утрово просторот покрај коритото на реката Отиња. Ваквиот злочин не е за прв пат, а крај на ваквите случаи никако да се стави. Граѓание револтирано реагираат и бараат само казни за сторителите. Според нив, ова пред се доаѓа од домашното воспитување.
Прашани дали некогаш ќе се стави крај на ваквите појави, граѓаните категорични дека тешко, бидејќи како што додаваат, ова пред се, се должи на личната и домашната култура.
Од ЈП Исар апелираат граѓаните да се однесуваат одговорно и да не придонесуваат штета. Во склоп на ваквите појави и општината во наредниот период ќе постави камери за да се фатат сторителите на вакви или слични појави.
Иван Митев, М-Нет