
Без малку 90 годишниот дедо Дане во Штип, продава чаеви за пациенти заболени од грип. Цело лето ги собира лековити билки од планини и долини, ги суши во својот дом, а потоа ги продава на својата тезга. Додека пикот на грипот ги полни амбулантите, тој решението го гледа во природата. Советува да се пие чај од липа, или комбинација на повеќе врсти билки како кантерион, мајчина душичка, нане и слично. Од кога тој знае за себе, вели не помети некогаш, а да го фатело грип, бидејќи секој ден го започнува со чаша топол чај од повеќе врсти.
,,За грипот е липата или комбинација чај од кантерион, мајчина душа, нане, што поголема комбинација, тоа е подобро за грипот. Еве јас не се сеќавам од никогаш грип кога ме е фатил, но стално сум на чаеви. Цената е по 30 денари, граѓаните купуваат. Eве јас пијам дури и кога го врзувам дома, кога ги правам, се што се изроне и го пијам. Најдобро е да се пие наутро.“, вели дедо Дане
Дедо Дане во денешницата го бараати и под вода и под камен. Луѓе од Охрид и Скопје постојано бараат спас од него. Дали за настинки, дали за хемороиди или други болести, тој има билка и лек за се и сешто. За сите оние што го бараат, секој петок можат да го сретнат на пазарот во Штип, а кога е убаво времето и преку седмицата во центарот на градот.
,,Имам број на интернет, луге од Скопје, Охрид ми се јавуваат и ме бараат. Преку неделата ако е убаво времето слегувам долу во центарот, а инаку кога е лошо времето сум дома. Освен петок, кога е петок сум на пазарот во Штип. Занимавам се од 1990 година, a сум 90 години.”, рече дедо Дане
Инаку, дедо Дане над 35 години длабоко е навлезен со берењето билки и проучувањето на секој цвет. Се што чул од своите предци, но и се што изучил од медицината, тој го практикува на дело и неуморно на 90 години помага и на млади и на возрасни.
Иван Митев, М-Нет