Фудбалската јавност од регионот во жалост: Почина ќерката на Фреди Алварез

фото: ФК Тирана

Фудбалската јавност во регионот е потресена од трагичната вест за смртта на ќерката на фудбалерот Фреди Алварез, која починала во раните утрински часови во Тирана.

ФК Тирана преку официјално соопштение информираше дека целиот клуб е во длабока жалост и шок поради трагедијата што го погоди нивниот играч. Од клубот изразија искрено сочувство и поддршка до Алварез и неговото семејство во овие тешки моменти.

Со порака на сочувство се огласи и ФК Шкупи, каде Фреди Алварез настапуваше во минатото и беше дел од шампионската генерација во 2022 година. Од скопскиот клуб истакнаа дека оваа тажна вест длабоко ја потресе целата клупска фамилија и нагласија дека Алварез секогаш ќе остане дел од историјата на клубот.

Двата клуба упатија најискрени изрази на сочувство до семејството Алварез, со порака за вечен мир на починататa.