Суперлигашот Маџари се засили со двајца интернационалци од Америка, нови засилувања кај Ангели и прволигашот Бутел!

Денес започнува пролетниот дел од кошаркарската Суперлига со натпреварите од 12. коло. Но, во меѓувреме екипите како од Суперлигата, така и од Првата лига продолжуваат со засилување на своите ростери за продолжението од сезоната.

Суперлигашот Маџари се засили со двајца Американци, се работи за Тому Луис и Тери Армстронг, кои ги покриваат бековските позиции и треба да бидат вистинско освежување во скопскиот тим.

Луис во Маџари пристигна од австриската екипа Фурстенфилд, додека пак Амстронг од колумбискиот Торос Дел Вале.

Тимот на Ангели ќе биде посилен за пролетниот дел со младиот македонски репрезентативец Рубин Стефанов, кој настапуваше за Унибаскет Ланчано.

Прволигашот Бутел во трката за влез во Суперлигата промовираше искусни име – се работи за Марјан Јанески, а 37-годишникот доаѓа од Куманово и носи искуство со настапи за МЗТ Скопје, Работнички Гостивар и Торус.

Тимот на Бутел води трка за влез во Суперлигата, во конкуренција со штипски Соколи, Борец Баскет и Струмица ФМП од групата Б.

Александар Ванев, М-Нет