Околу 400 ученици повторно во училишните клупи и во Општина Карбинци

Околу 400 ученици денеска повторно седнаа во училишните клупи и во Општина Карбинци, распоредени во девет подрачни и едно централно училиште. Бројот на ученици останува стабилен и не бележи пад, што, според локалната самоуправа, претставува позитивен резултат. Градоначалникот Виктор Паунов посочува дека бројот е во континуитет и кај новозапишаните првоодделенци од септември.

,,Околу 400 ученици се започнати целосно како бројка од новозапишани, па комплетно до деветто одделение. Се работи за девет подрачни училишта на територија на Општина Карбинци и едно централно во селото Карбинци. Бројот е, ако гледаме како новозапишани во прво одделние, бројот е во еден континуитет, би рекол не се наламува бројот на ученици, го држиме оној број околу 50 сетина новозапишани првооделенци, така да еве нека биде нов мотив за пораст на боројот и самите модерни услови, нови услови кои што ги овозможуваме и се надевам дека ќе продолжи еден ваков тренд.“, истакна Паунов

Градоначалникот Паунов е дециден, работата на општината е да прави подобрени услови за жителите и учениците, а државата да има се повеќе примери, како луѓе од странство се враќаат во своите родни места.

,,Нашата обврска е да се грижиме за инфраструктурата, за условите кои што треба да ги имаат учениците, па и сите жители во населените места, да имаат едни подобрени модерни услови за живот, нормални за денешно време. Ова е наша работа, ова е обврската на општината, а се надевам дека и државата води кон една таква политика кон подобрување на квалитетот на живот, пред се на стандардот на граѓаните, затоа што тоа е клучно за да има вакви примери, а тоа е да се вратат луге од странство и да го продолжат живот овде каде што биле родени. Да се чувствуваат навистина дома.“, додава Паунов

Како што истакна градоначалникот Паунов, училиштетот во селото Прналија е едно од училиштата, кое што во овој мандат треба да добие одредена реконструкција, но не целосна. Подрачното училиште во село Долни Балван исто е следно на кое што ќе се врши реконструкција, како на покривот, така и на внатрешниот дел.

Иван Митев, М-Нет