
Се празнува Свети Јован Крстител,еден од најголемите и најпочитуваните светители во христијанството . Овој славен светител наречен и како пророк и претеча го крштеваше Христос во реката Јордан. Иако главна улога Јована ја имаше на денот на Богојавление, односно на 19 јануари, сепак црквата ден потоа му го посветила на неговиот спомен. Најголеми слави поврзани со овој светец се и раѓањето на Свети Јован, односно Иванден и отсекувањето на овој светител, наречено како обезглавување. Верниот народ пред камерите на М-Нет телевизија посака денот да биде вечен и сите во мир и слога да го поминат животот овде на земјата.
Прашани дали се уште се слават имендени, поврзани со овој светец, граѓаните одговорија поделено. Едни велат слават, друи дека не, бидејќи се изместени вредностите.
Инаку, Моштите на св. Јован Крстител се наоѓаат на неколку места низ светот. Во Македонија се чува во бигорскиот манастри, посветен токму на него. Таму се наога дел од неговата дланка. Во пиреја има остатоци од него во црквата Св. Димитриј, а во Атина во Музејот Бенаки. Во Цариград ја има целата негова десна рака. Остатоци има и во Сирија и Цена Гора.
Иван Митев, М-Нет