
Oсветената вода на Богојавление Водици се употребува исклучиво наутро на гладно срце, советува протојерјот Добирца Јанев од Штип за М-Нет телевизија. Оваа вода наречена уште и агиазма се осветува само два пати во годината, на Богојавление Водици и на ден претходно, кога се одбележува празникот Водокрст. За нејзиното користење, во продолжение говори протојерејот Јанев.
“Водата осветена на Вдокрст и на Богојавление. Оваа вода се нарекува уште и агиазма. За разлика од светената вода која што ја прави свештеникот на мал водосвет, кога се посетуваат домовите или кога има хрмаова свадба, таа се користи во секое време, и да сме јадени, без да се пази на тоа колку е часот. Водата од Богојавленскиот водосвет се употребува исклучво на гладно срце, и секој оно што ќе сака да да се напие од таа вода, тогаш треба да е гладен и да ја користи наутро.“, рече Јанев
Инаку, На грчки „светата вода“ се нарекува „агиазма“ – „светиња“. Светиња се нарекува сето она што е исполнето со благодатта Божја. Тоа може да бидат моштите на светителите, иконите, мирото, нафората. Но сепак, првенствено, под „светињата“ „агиазма“ се подразбира водата над која е извршен чинот водосвет.
Иван Митев, М-Нет