Осогово се засили со повратниците Димоски и Велинов, промовиран и Јусуф

ФОТО: ГФК Осогово

Второлигашот Осогово од Кочани за пролетната полусезона ќе биде посилен со повратниците Филип Димоски и Стојанчо Велинов, како и со Алпај Јусуф.

Димоски доаѓа од прилепска Победа, во минатото беше дел од Осогово, се работи за 26-годишен фудбалер кој низ кариерата беше дел и од Детонит Плачковица, Охрид, Каменица Саса, Питу Гули, Вардар Неготино, Осогово и 11-ти октомври.

27-годишниот Јусуф пак пристигнува од косовски Феризај, се работи за искусен фудбалер кој низ својата кариера беше дел од Арсими, Башкими, Скопје, Детонит Плачковица, Кадино, Кит Го од Пехчево, Силекс, Локомотива Бентоекспорт и Милано.

Велинов се враќа одново во Осогово, доаѓа од тимот на бугарски Несебар, а има настапувано и за Черноморец Бургас. Во македонскиот фудбал беше дел од Гостивар, Велешта, Охрид, Брегалница, Брера Струмица, Работнички, Ренова, Силекс и Тетекс, а има настапувано и за косовска Трепча.

Во сезона 2018/2019 Велинов со Брера Струмица го освои Купот на Македонија.

Осогово пролетниот дел го отвара против Каменица Саса на домашен терен.

Александар Ванев, М-Нет