
Македонските прволигаши започнаа со интензивна промоција на нови засилувања, а притоа и се преселија во странство, најголем дел од нив во Анталија, Турција каде ќе се темпира формата за пролетниот дел.
Пелистер досега се засили со Лука Милојевиќ, Милан Србијанац, како и со Кире Ристевски, а сега тимот се пресели во Анталија каде ќе ја проверува формата и каде ќе одигра неколку пријателски натпревари.
Работнички досега се засили со Ардит Дестани, Никола Пејовиќ, Сухел Мухареми и Зија Мерџани.
„Романтичарите“ веќе одиграа еден пријателски меч против Шкупи кој го добија со 5:2, а следен тест за нив ќе биде на 22 јануари против Охрид, контролен меч кој ќе се одигра на стадионот во Маџари.
Во Анталија заминаа и Силекс, Тиквеш, Шкендија, Струмица Трим Лум и Вардар, а пак Брера Струмица ќе оди во Грција.
Пред заминувањето на подготовки надвор од Македонија, Башкими со 2:0 го доби Тиквеш во пријателски меч, а младиот фудбалер Аган Сулимани направи трансфер во Хрватска.
Пролетниот дел од Првата лига ќе биде отворен на 7 февруари.
Александар Ванев, М-Нет