
Денес и официјално се отвара зимскиот преоден рок во македонскиот фудбал, со што екипите од денес и официјално ќе може да ги регистрираат новите засилувања.
Клубовите од Прва и Втора лига во изминатиот период промовираа нови засилувања, но сега веќе истите и официјално ќе може да бидат регистирани. Со отварањето на зимскиот преоден рок се очекува прволигаши и второлигаши, како во машка, но така и во женска конкуренција да се активираат и да започнат со интензивни засилувања.
Зимскиот трансфер период ќе биде отворен до 11 февруари, а тоа ќе прериод кога ќе може да се врши официјална регистрација на новите играчи. Во однос на летниот преоден рок зимскиот е пократок, бидејќи летниот преоден рок се отвара на 15 јуни и трае до 6 септември.
Пролетната полусезона во Првата лига започнува на 7 февруари со натпреварите од 17 коло, а пак пролетниот дел во Втората лига ќе биде отворен на 21 февруари со мечевите од 16 коло.
Александар Ванев, М-Нет