Миркуловски: Играме во исклучително тешка група со Данска, Португалија и Романија

Македонската ракометна репрезентација е подготвена за утрешниот прв натпревар на Европското првенство, мундијалот го отвараме против домаќинот Данска, а свое видување даде Филип Миркуловски, кој е шеф на македонската делегација.

Миркуловски даде видување за подготовките на македонската репрезентација, искусниот ракометар кој даде многу за нашата репрезентација вели дека групата во која е нашата репрезентација со Данска, Португалија и Романија е исклучително тешка.

Македонија утре го отвара Европското првенство против домаќинот Данска, на 18 јануари нашата репрезентација ќе игра против Португалија, а пак на 20 јануари Македонија ќе игра против репрезентацијата на Романија.

Александар Ванев, М-Нет