
На големо се слави Свети Василиј Велики во Штип, црквите со отворени капии, верниот народ со силна молитва пред неговата икона, посакувајќи здравје, среќа и мир. Свети Василиј е огнен столб на Црквата, еден од трите носечки столбови на учењето на Црквата, заедно со светите Григориј Богослов и Јован Златоуст. Називот Велики малкумина го добиваат во Црквата, а свети Василиј е еден од тие ретки што го добиле овој епитет поради неговиот свет и восфалуван живот. Колку свети Василиј се празнува и денес?
Инаку, празникот менува ден, никогаш датум. Секогаш се празнува на 14 јануари, празник кој според верувањето има голема сила за изгонување на нечистивиот и за вн есување мир и љубов во семејството.
Иван Митев, М-Нет