
Ракометниот клуб Прилеп официјално ги започна подготовките за вториот дел од сезоната во Супер лигата, означувајќи старт на новата полусезона со првиот заеднички тренинг.
Во таборот на прилепскиот клуб владее одлична атмосфера, а фокусот на стручниот штаб и играчите е ставен на физичката подготвеност, енергијата и максималната посветеност во секој сегмент од подготовките. Целта е чекор по чекор да се гради формата и тимската компактност за претстојните натпреварувачки предизвици.
Од клубот порачуваат дека подготовките ќе се одвиваат со јасен план и дисциплина, со цел екипата подготвена да го дочека продолжението од шампионатот и да оствари стабилни настапи во Супер лигата.