Гнев и револт во Штип, граѓаните згрозени од серијата телефонски измами на Истокот

Згрозени граѓани во Штип реагираат за бруталните телефонски измами што во последниот период потресоа неколку семејства во истокот. Непознати лица со скриен број се јавуваат и лажно се претставуваат како полицајци или доктори. Со морбидни приказни дека нивните деца се тешко повредени или треба да се оперираат, кај родителите создадоа паника и очај. Во шок, возрасни лица, често наседнуваат и им предаваат пари на измамниците. Штипјани згрозени и гневни од ситуаицијата, апелираат граѓаните да не наседнуваат, а полицијата жестокот да ги казнува.

Но, вакви или слични приказни граѓани често забележуваат. Многупати лажни лица доагаат и пред врата и бараат пари во навод дека имаат боло дете.

Во согласност со ситуацијата и од СВР Штип апелираатдоколку добијат вакви или слични повици веднаш да пријават на бесплатниот телефонски број 112 за преземање на мерки и откривање на сторителите.

Иван Митев, М-Нет