Се почитуваат ли домашните слави и имендени или не ?

Се почитуваат ли домашните слави и имендени – штипјани категорични исчезнуваат обичаите. Ако некогаш именден се правело на големо, со долги трпеза и храна, денеска целото ова е сведено на минимум, па наместо цела куќа гости, има само скромна маса на која седнуваат само најблиските. Некој велат причината е економската ситуација, други дека после ковид пандемијата, луѓето се оддаленича, а празниците стана само еден обичен поздрав со изреката за многу години.

Но, од друга страна граѓаните велат дека можни се и други фактори за оваа стиуација. Или невербата или пак заминувањето во странство.

Инаку, порано домашната слава или именденот, биле од големо значење за заедницата. Кога се правеле имендени, гости доагале без покана со повод да донесат многу позитивна енергија во домот. Исто и за домашните слави, се пеело, се веселело до зори. Денеска сево ова останува минато, а сегашноста сега отвори нова страна, во која се е едноставно и сведено само на минимум.

Иван Митев, М-Нет