Шкендија Арачиново се раздели со дури 13 фудбалери

фото: М Нет-ТВ

Фудбалскиот клуб Шкендија Арачиново официјално информираше дека во пресрет на продолжението од сезоната се раздели со вкупно 13 фудбалери, на кои им се заблагодари за досегашниот ангажман и им посака успех во понатамошната кариера

Како што соопшти клубот, одлуката е донесена во рамки на зимската реорганизација на тимот, со цел подобра подготовка и креирање поконкурентен ростер за претстојните предизвици.

Од редовите на Шкендија Арачиново си заминуваат:
Бујар Илази, Бурхан Алији, Еркан Шаип, Баки Алиу, Мергим Дани, Шујаб Алити, Христијан Коцев, Амар Мустафа, Албан Шабани, Омер Сулејмани, Стефан Коловски, Ферат Весели и Александар Ѓорѓиески.

Од клубот истакнаа дека сите наведени фудбалери дале свој придонес во периодот поминат во Шкендија и дека разделбата е коректна и со взаемно почитување.

Воедно, раководството најави дека во наредниот период се очекуваат нови активности поврзани со комплетирањето на играчкиот кадар, со цел клубот подготвен да го дочека продолжението од натпреварувачката сезона.