
ГФК Охрид Лихнидос го официјализираше ангажманот на Давор Серафимов, 20-годишен фудбалер кој во редовите на охридскиот клуб доаѓа од екипата на Шкупи.
Серафимов настапува на бековските позиции и важи за фудбалер со потенцијал и искуство на домашната сцена. Во досегашната кариера, покрај дресот на Шкупи, тој има настапувано и за Вардар.
Новиот фудбалер на ГФК Охрид е и младински репрезентативец на Македонија, за која има остварено околу 20 настапи.
Охрид моментално е есенски шампион во Втората лига, а со вакви засилувања јасно ги најавува амбициите за пласман во Првата лига во следниот период.