
Штипјанецот Михаил Маневски и Вардар ја продолжија соработката до јули 2028 година, информираа од клубот.
Маневски кој во Вардар пристигна од редовите на Тиквеш имаше одличен настап за најтрофејниот македонски фудбалски клуб, а повеќе од јасно е дека од клубот се задоволни од настапите на Маневски и од таа причина е продолжена соработката.
26-годишникот во минатото беше дел од Академија Пандев, Брегалница, Шкендија, Силекс, Гостивар и Тиквеш.
Вардар е есенски шампион во Првата лига и води преговори да го сочува тимот од есенскиот дел.
Александар Ванев, М-Нет