
На 04.01.2026 во 01:25 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода К.Г.(21) од Кочани. При сообраќајна контрола на ул.„Скопска“ во Кочани е сопрено патничко возило „цитроен“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,53 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.