
Повредени од пожарот во Швајцарија засега нема да се носат во нашата држава. Како што истакна премиерот Христијан Мицкоски, помош била понудена во делот на сместување, меѓутоа одлуката на Швајцарија била да се прифати помош од околните држави. Додава дека комуникацијата останува и Македонија е подготвена да помогне, доколку има потреба.
„Тие го активираа системот, ние понудивме помош во делот на сместување и во делот на експертиза, бидејќи многу тој случај наликува на нашиот. Тие во овој момент се одлучија да ја прифатат помошта на околните држави. Остануваме на линија, тоа што можев да го пренесам од нашето искуство гп кажав“ – вели Мицкоски.
Пожарот избувна во бар во познатиот скијачки центар Кран- Монтана на новогодишна ноќ. Во трагедијата 40 лица ги загубија животите, а 119 беа повредени.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет