
Заедно помеѓу граѓаните, градоначалникот Иван Јорданов ќе ја дочека новата година на шеталиштето Вано Прќе во Штип, каде е предвидена богата музичко-забавна програма. Се очекува голема посетеност, како од штипјани, така и од гости од другите градови. Јорданов упати порака за здравје, напредок и берикет, со желба Штип во новата година да продолжи да се развива и да стане најразвиениот и најубавиот град во државата.
,,Втора година по ред Општина Штип организира колективен заеднички дочек, заедно со граѓаните на шеталиштето Ванчо Прќе. Посакувам и повикувам сите заедно да ја дочекаме новата година, да ја испратиме старата година. Предвидена е богата забавна програма, која ќе ги анимира сите кои што ќе бидат присутни. Верувам дека ќе има и доста гости од страна од други градови. Посакувам со желба за напредок, развој, берикет да ја дочекаме новата 2026 година и заеднички во новата година да се трудиме, Штип да да биде најразвиениот и најубавиот град во нашата држава.“, рече Јорданов
Пораки за здравје, мир и благосостојба упати и градоначалникот на општината Карбинци Виктор Паунов. Тој новогодишната ноќ ќе ја помине во домашен амбиент со блиски роднини и пријатели.
,,Среќни новгодишни, божникни празници и сите оние кои што ни предстојат. Посакувам еве да имаме поуспешна година 2026 од досегашната 2025. Да посакам пред се здравје, бериќет кај секој еден граѓанин и дом, да ни се остворат желбите. Да бидеме сплотени, да шириме позитивна енергија и во добар дух ги поминеме празниците. Ќе ја поминам во домашни услови со семејеството најверојатно во домашен амбиент.“, вели Паунов
Инаку оваа година за новогодишната ноќ на шеталиштето Ванчо Прќе ќе настапуваат Пауза за ракија и Блу бенд, а ќе се нуди грејано вино, храна и новогдишни колачи.
Иван Митев, М-Нет