
2026 година за боречкиот клуб Киро Ристов од општина Карбинци ќе биде во знакот на предизвикот, пред се домашните првенства, но и фактот што очекуваат дека прваците ќе имаат можност да наспат на Европско првенство, но и на Балканските првенства.
„2026 година е предизвик за боречкиот клуб Киро Ристов затоа што не’ очекуваат домашните првенства, веќе неколку години ние се натпреваруваме во рамките на Првата лига на Македонија, така да и оваа година планираме да учествуваме на сите возрасни натпревари. Најголема цел ќе биде освојување на медали, постигнување први места во сите возрасни категории пред се во пионери, кадети и младинци, за сениори се уште ќе треба време да пораснат децата за да може да и таму да се натпреваруваме. Ќе имаме наши учесници. Меѓутоа врз основа на освоените резултати на домашните првенства се надевам дека прваците ќе имаат можност да настапат на Европско првенство, на Балканските првенства каде што ќе има можност да се стекнат и да учествуваат на тие првенства со цел – постигнување успех меѓутоа и попуризација на самото борење во општина Карбинци.“
Интерес за овој спорт има, но мора да се работи за да се привлечат кон борењето, бидејќи останатите спортови пред се фудбалот носи поголем интерес кај младите. Но, од друга страна покрај активностите во спортот, младите борачи на клубот од општина Карбинци се одлични ученици и на тој начин се градат во вистински личности.
„Интерес има. Сега појавата на поголем дел на спортовите, фудбалот си го носи своето, тоа е неизбежно, останатите спортски дисциплини пред се во боречките спортови кои што ги имаме во Штип се многу популарни. Веќе и во Карбинци се развива имаме карате клуб, имаме и други секции и си го прават своето. Меѓутоа ние ќе мораме да се бориме, ние ќе мораме да докажуваме дека сме спорт кој дава простор за работа ги развива децата, психофизички, создава едно личности кои се многу понатаму во животот врз основа на исксутвото спортски пред се во борењето ќе ги создаде како личности кои ќе можат да се развиваат и во другите аспекти и во училиштето и понатаму во другите дејности. Ние тоа и го правиме всушност, сакам да се пофалам, бидејќи минатата година Викторија Спасовска беше и најдобар ученик во средното текстилно училиште, Стефан е борач кој беше втор на државните натпревари по англиски јазик. Ние ги мотивираме и покрај активноста во спортот да бидат и добри ученици. Ние ќе мораме да се натпреваруваме со останатите спортски дисциплини, ќе се бориме, еве оваа година упативме покана кон населеното место Караорман таму има училиште за да се приклучат кон нас да има повеќе дечиња. Едноставно, кој ќе биде поуспешен, кој ќе знае да ги анимира повеќе децата ќе ги има за можност да работи со нив“, дополнува Трајче Димков.
Борењето е еден од најстарите и најпопуларните спортови во светот, борењето е олимписки спорт присутен во античките и модерните олимписки игри.
Александар Ванев, М-Нет