Трета година по ред се организира Бадникова поворка во Карбинци, ќе се поделат над 150 пакетчиња

Трета година по ред утре се организира Бадникова поворка и во Општина Карбинци. Над 150 дечиња пеејќи ја песната Вечниот Бог, ќе го најават христовото раѓање. Дополнително општината обезбеди пакетчиња за сите дечиња и упати покана до сите масовно да се вклучат во поворката.

„Трета година Општина Карбинци заеднички со црквата ги организираме Бадниковите поворки. Обезбедивме 150 пакетчиња божиќни кои ќе бидат поделени на учесниците однонсо на дечињата кои ќе ја предводат поворката. Очекувам и оваа година масовно да се приклучат сите дечиња, со цел да се најави раѓањето христово“ – вели Паунов.

Бадникови поворки утре се органзираат во сите градови и села во државата. Деца, младинци и возрасни со жолти ѕвездички и пеејќи ја песната Вечниот Бог го најавуваат христовото раѓање.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет