
Една милијарда 984 милиони 114 илјади денари изнесува вкупниот буџет на Општина Штип за 2026 година. Како што посочија на денешната седница на своетот, 14 милипони 830 илјади денари се предвидени за програмата Совет на општина, додека за администрација, расходи во изност од 189 милиони денари. Капитални трошоци на општината со 28 милиони 830 денари, а во програмата уредување на градежно земјиште изностот е 114 милиони 750 илјади денари. За дополнителните детали, зборуваше од седницата на советот Ивана Трендафилова.
,,Вкупниот Буџет за 2026 година изнесува една милијарда 984 милиони 114 илјади денари. Основниот буџет на Општина Штип за 2026 година изнесува 1 милијарда 179 милиони 154 илјади денари. За програмата Совет на општина се одвојуваат средства од 14 милиони 830 илјади денари. За програмата оптшинаска администрација планираните расходи се во износ од 189 милиони денари, додека за програмата капитални трошоци на општиата изнесува 28 милиони 830 илјади денари. A во програмата уредување на градежно земјиште износот е 114 милиони 750 илјади денари“, рече Трендафилова
Тредафилова информираше дека 21 милион денари се издвојуваат за програмата подршка на локален економси развој, а во капитални проекти 239 милиони 739 илјади денари. Јавно осветлување со 44 милиони денари, а јавна чистота со 14 милиони денари.
,,За програмата подршка на локален економски развој, оваа година од буџетот на Општина Штип се издвојува 21 милион денари, а во програмата капитални објекти се издвојуваат 239 милиони 739 илјади денари. Јавно осветлување 44 милиони денари, програмат јавна чистота 14 милиони денари, а за јавен превоз 18 милиони денари. Програмата за одржување и заштита на локални улици и патишта 40 милиони денари. Паркови и зеленило 8 милиони и 500 илјади денари. За програмата изградба и реконструкција на локални аптишта 15 милиони денари.“, додаде Трендафилова
Како што посочи Трендафилова, од буџетот е предвидено да се инвестира и во детските градинки, основните и средните училишта.
Иван Митев, М-Нет