
На „ѕид на срамот“ ќе бидат објавувани купени, препишани и нестручни магистерски и докторски трудови, истакна денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, која рече дека на одредени универзитети истите поминуваат на ниво на ученички трудови. Сите ќе бидат јавно достапни преку државната платформа за откривање плагијати, која ќе добие нов софтвер и вештачка интелигенција. Целта е академската заедница и јавноста јавно да ги оценуваат и критикуваат спорните трудови. Според Јаневска, кога се ќе биде јавно, ќе престане праксата на купување дипломи и формално поминување низ студии.
За „ѕидот на срамот“, се подразбира сите магистериуми и докторати, сѐ што ќе произлезе од Македонија има да биде на таа платформа. ПЛАГИЈАТИ.МК функционира, но и тоа мора да се подобри, стар е софтверот, морам да им се заблагодарам на техничките факултети, особено на ФИНКИ, многу ни помогнаа. Дополнително воведуваме вештачка интелигнеција и тој процес ќе се олесни. ПЛАГИЈАТИ.МК ќе си течат како посебно. Се зборува дека на разни универзитети, на разни факултети поминуваат магистерски и докторати кои се на пониско ниво, ќе ги објавиме. Тогаш, академската заедница, една и единствена, ќе може да критикуваат тие што треба да критикуваат или да се правдаат. Мене би ми било срам да ставам потпис на нешто што не е вредно. Има такви луѓе. Кога ќе биде се јавно, ќе почнат поинаку да се однесуваат, во тоа сум длабоко убедена“, кажа таа.
Јаневска потенцираше дека , ќе има поголем буџет во наредната година и во образованието, во март ќе има покачување на платите на наставниците во основно и средно меѓу 7,5 и 10 проценти
„Имаме учебници на кои учениците и наставниците не се жалат, има по некоја поплака но оваа година ќе биде поинаку. Велат еден министер, еден закон носи. Ние направивме многу – седум закони имавме, а спремни се следните седум. Не секогаш од министерството и од министерот зависи како ќе се одвиваат работите, но јас се надевам дека ќе се одвиваат во најдобар ред“, рече министерката.
Најави и дека ќе продолжи воведувањето едносменска настава , досега е воведена во 200, а етапно ќе се воведува електронско свидетелство.
Министерката Јаневска најави и построгит критериуми за напредување во академски звања и за реизбор на универзитетските професори.
Иван Митев, М-Нет