
Нов булевар на влезот во Штип, нова сообраќајница во централното градско подрачје, два нови моста на реката Брегалница и рехабилитација на тврдината Исар, само дел од големите капитални проекти на Општина Штип предвидени со општинскиот буџет за 2026 година. Како што истакна градоначалникот , Иван Јорданов, проектите ќе придонесат за подобрување на сообраќајната инфраструктура, намалување на метежот и побезбедно и пофункционално движење низ градот.
,,Еден од тие проекти е булеварско уредување на влезот на град Штип, повеќе од 1,6 километри нов булевар, продолжение на булеварот Гоце Делчев, кој ќе овозможи модерен и сигурна сообраќајница. Нова сообраќајница во централното градско подрачје, која верувам дека ќе го намали сообраќајниот метеж на веќе постоечките улици Вита Поп Јорданова, Мирче Ацев и Љубен Иванов. Друг капитален проект, предвиден да се финансира со новиот буџет во 2026 се изградба на два нови моста на река Брегалница, тоа е практично поврзување на обиколницата, нов мост на река Брегалница кај месноста Плуждино со поврзување со Кежовица и уште еден помеѓу нас. Балканска и нас. Баби со нова сообраќајница. Рехабилитација реставрација и концервација на тврдината исар е проект кој е предвиден да биде финасиран во новиот буџет. Во новиот буџет е исто така предвидено решавање на загубите на вода наЈавното Комунално претпријатие Исар. Со исталирање на скада системот кој ќе биде финансиран во новиот буџет.“
Во рамки на буџетот е предвидено и завршување на веќе почнатите проекти, како спортскиот центар Џексон, обиколницата, како и мега паркот Иднина, додава Јорданов.
,,Завршување и финансирање на веќе почнатите проекти како што е спортскиот центар Џексон, завршување на веќе започнатата обиколница. Да се заврши почнатиот мега парк Иднина
Согласно програмата за уредување на градежно земјиште ќе има и доста други проекти кои што во текот на следната година ќе се реализираат. Истите се за уредување на тротоарски површини, улици, паркови, промена на водовни мрежи и сл. Истовремено Јорданов посочи дека ќе има повторно инвестиции и во спортот, културата, образованието и т.н.
Иван Митев, М-Нет