Шест дечиња се вратиле во основно образование во ООУ „Страшо Пинџур“ во Карбинци ова полугодие

Шест дечиња се вратиле во основно образование во ООУ „Старшо Пинџур“ во Општина Карбинци во ова прво полугодие. Повратници има од Германија, Австралија, но и од соседните општини. Првото полугодие го завршуваат околу 400 ученици, бројка која не е драстично променета изминатата една деценија.

„Крајот на првото полугодие ќе го завршат 400 ученика, но позитивно е што имаме прилив на шест дечиња, додека четири деца си заминале. Имаме дечиња што доаѓаат од Австралија, Германија и дечиња од соседните општини“ – вели Костова.

Како што посочи Костова постојано се работи на унапредување на условите за учениците и наставниците, со цел да се понуди квалитетно основно образование за сите деца. Се инвестира во уредување на внатрешноста на самите училишта, реконструкција на истите, промена на начинот на греење, со што се добиваат модерни и уредени образовани институции.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет