Сообраќајна несреќа кај с. Кадрифаково, еден од возачите пијан со 2,56 промили алкохол

На 27.12.2025 во 18:48 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на регионален пат во с.Кадрифаково, светиноколско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“ со винички регистарски ознаки, управувано од И.М.(45) од Кочани и патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.М.(44) од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот А.М., констатирани во Клиничка болница Штип, при што е констатирано дека тој бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,56 промили алкохол во крвта. Поради сериозноста на повредите тој е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.