Штипјани направија „сериозни проблеми“ кај шампионот Форца – заминуваат искусните играчи

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет телевизија

Неочекуваниот пораз на Форца од штипски Мал Ајакс направи да поискусните играчи заминат од шампионот. Овој пораз Форца „скапо“ ќе го плати бидејќи може да остане без титула.

Клубот од Куманово најпрво загуби со 6:1 од есенскиот шампион Проект во Гевгелија, додека пак во последното есенско коло загуби од Мал Ајакс, откако штипјани славеа со 5:6.

Клубот остана без капитенот Таулант Исмаили, голманот Енсар Фера и Еркан Сефери – тројца искусни играчи. Во последното есенско коло на мечот со Мал Ајакс во составот ги немаше ниту странци, па останува прашање дали овие играчи веќе се заминати од клубот.

Форца ќе има тешка задача да успее да ја одбрани титулата, бидејќи веќе има шест бода негатива во однос на непоразениот лидер Проект. Дури Форца и да ги добие сите натпревари до крај, ќе треба Проект на три натпревари да загуби што ќе биде речиси многу тешко. Од друга страна Проект има далеку подобра гол разлика, а во првото соочување со Форца забележа висока победа од 6:1 што е уште една сериозна предност за Проект кон тоа да ја врати шампионската титула во своите редови после неколку сезони.

Пред Форца ќе биде турболентен период со отварањето на зимскиот преоден рок актуелниот шампион сигурно е дека ќе се активира на пазарот, но останува да видиме кои играчи и со каков квалитет ќе биде ангажирани.

Проект е прв со 27 бодови и 87 постигнати погодоци што е убедливо најмногу, а има примено само 13 што е убедливо најмалку, Форца е втора со 21 бод и гол разлика од 72 постигнати и 38 примени погодоци, а пак Кеги Моби е трет исто така со 21 бод и учинок од 37 постигнати и 23 примени погодоци.

Сите работи околу шампионската титула зависат од Проект, а Форца ќе биде пред многу тешка пролетна мисија во одбрана на истата.

Александар Ванев, М-Нет