
Работнички по четврти пат сезонава назначува нов тренер, лошите резултати и фактот што тимот од Дебар Маало е на претпоследното место со само седум бодови и сериозно е доведено во прашање задржувањето на прволигашкиот статут резултираше со тренерски промени.
Младиот стратег Муарем Муарем е нов предводник на Работнички, тој доаѓа во период кога скопскиот прволигаш се раздели со неколку играчи, па сега ќе има време да бара квалитетни засилувања, да помине тимот низ фаза на квалитетни зимски подготовки и во пролетниот дел да ја оствари целта – опстанок на Работнички во Прва лига.
Муарем во есенскиот дел од тековната сезона го водеше Башкими, каде забележа одлични резултати, претходно пак го водеше Гостивар, а беше асистент во Шкупи, а има искуство и како асистент во младинските репрезентации.
Работнички се раздели со Виктор Велкоски, Калани Алмеида, Демир Имери и Џелил Асани, па сега ќе треба да се бараат нови засилувања.
Можеби и честите тренерски промени имаа влијание и во самиот тим, во самата атмосфера во соблекувалната, а тоа се одржани и на лошите резултати. Бојан Марковски го водеше Работнички од почетокот на сезоната, дојде промена и на негово место пристигна Алпарслан Ердем, но и тој не се задржи многу и на негово место беше промовиран српскиот стратег Ален Тупајиќ, а сега Работнички по четврти пат назначи нов тренер во името на Муарем Муарем.
Целта на тимот од Дебар Маало е една – опстанок во Првата македонска фудбалска лига.
Александар Ванев, М-Нет