Повисоки плати и пензии бараат граѓаните на Штип пред Нова Година

Повисоки плати и пензии бараат граѓаните на Штип пред Нова Година. Иако денес во чуда нне веруваат, сепак велат дека кога е тешко, човек се надева на се. Парите не стигнуваат ни до сред месец, а цените секојдневно растат. Наместо подароци и елки, посакуваат мирна и достоинствена Нова година и за нив. Пораката е јасна, не се бараат чуда, туку услови за нормален живот.

И покрај тоа што доагаат убави денови, кај граѓаните има разочарување. Ја нема повеќе старата новогодишна магија и верувањето во Дедо Мраз. Велат новогодишните празници се исти како и стие други денови.

Инаку, според анкетираните, минималната плата најмалку треба да изнесува 500 евра за да може слободно да се живее, поинаку не. Кога пензионерите се во прашање, тие велат и пензиите треба да се повисоки, иако има најави да се покачат за уште 1000 денари во март.

Иван Митев, М-Нет