Полни трактори тутун пред откупните центри во Карбинци, се откупува по цена од 419 денари за килограм

Трактори и камиони полни тутун пред откупните центри во Карбинци, земјоделците од карбинските села го продаваат тутунот кој го работеле годинава. Велат оваа година има добар квалитет и иако цената од 420 денари за килограм за нив не е исплатлива сепак се задоволни што има откуп. Усеин од село Радање подолг временски период се занимава со производство на тутун, вели тоа му е единствениот начин за егзистенција. За еден добар живот има, но млади кои би работеле во иднина не.

„Тутунот е одличен, сега за сега е добро. Има добар квалитет, се откупува по цена од 419 денари за килограм. Не е исплатливо, но не даваат повеќе, а ние од тоа живееме“ – вели Усеин.

Задоволни од текот на откупот на тутун се и од откуппните центри. Велат до сега продажбата се одвива одлично, а задоволителна е и откупната цена. До месец март до кога впрочем и трае откупот на тутун се очекува да се достигнат ланските параметри и да се откупи доволно туттн.

„Има доволно тутун, цената е добра, целиот тутун се откупува во прва класа и луѓето се задоволни“ – вели Барбашки.

До 15 декември се откупени над 11 милиони килограми тутун на ниво на државата, или околу поволина од овогодинешната реколта.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет