
Работниците да се водат на новогодишни прослави, бараат мнозинство граѓани на Штип. По цела година напорна работа, велат секој заслужува да се чувствува посебно и да седне на иста трпеза со работодавачите. Празниците ги гледаат како можност да се кренат чашите и заеднички да се наздрави за успехот. Со добра музика и опуштена атмосфера, сметаат дека сите треба да се забавуваат еднакво. Таквите прослави, според нив, се знак на почит кон трудот на работниците.
Анкетираните велат, се среќаваат и работодавачи кои не ги покануваат вработените на прослава, за таквите постапки тие се против.
Инаку, новогодишните прослави имаат за цел да ги обединат работниците и работодавачите и заеднички да е испрати годината, а со надеж и позитивна енергија се дочека новата.
Иван Митев, М-Нет