Кина ќе соработува со Штип на економски, образовен и културен план, целта е развој на локалната заедница

Кина ќе соработува со Штип на економски, образовен и културен план. Амбасадорката Џианг Сиоајан, денес во посета на Штип најави интензивирање на врските во трговијата, обуките и размената на знаења, посочувајќи го градот како важен регионален центар. Во фокусот се и културните врски, со идеи за заеднички фестивалски настапи и уметничка размена. Соработката треба да донесе конкретни придобивки и за локалниот развој и за младите кадри. Конкретен пример за веќе воспоставено партнерство е штипската компанија „Јофа текст“, која повеќе од 20 години успешно соработува со кинески компании.

,,Ние сме партнери со Кина повеќе од 20 години, нашата фирма Јофа текст и на наше задоволство денес теи ни се гости, со што сакаме малку да ја прошириме соработката во иднина. Покрај бизнис соработкта, би сакале да видиме и околу културата и развојот во образованието. Бидејќи Кина е земја која што јури према успех и има многу добро образование во моментов, можеме да кажеме едно од најдобрите во светот. . Јас највеќе би се фокусирал во делот на да кажам праксата, бидејќи Кина е држва која што покрај теоретското образованието кое го има, таа има и многу пракса. Наши студенти би пратиле на пракса во Кина и потоа би се вратиле како успешни инжинери и економисти и така натаму. Најголемиот фокус на мене ми е роботиката, која во моментот има недостиг на работна сила и тој недостиг мораме некако со некакви машини да го замениме а да станеме и по продуктивни “, вели Јовчевски

Од кинеска перспектива, партнерството се шири и надвор од економијата. Амбасадорката ги посочи следните чекори во соработката со локалната заедница.

,,Имав одличен состанок со градоначалникот, разговаравме за идната соработка во сите сфери, вклучително образованието, културата, обуките, трговијата. Знам дека Штип е регионален центар и медицински ултурен образоване центар во Макеоднија, так што верувам дека има иднина за соработка мегу Кина и Македонија. Секоја година овде има Макфест, така што мислиме да поканиме кинески музичари, да доагаат во Македонија и да присуствуваат на вашите фестивали и да поканиме вашите музичари пак да учествуваат во кинеските фестивали. Тоа е за културата, а за компанијата Јофа има одлична соработка со нивни кинески партнери. Туку што разговаравме за интенвизирањето трговската соработка помегу нив.“, рече Сиоајан

Од образование и технологија, до култура и трговија, Штип се позиционира како важен партнер за Кина. Очекувањата се дека овие контакти ќе резултираат со реални проекти и нови можности за локалната заедница.

Иван Митев, М-Нет