Доаѓа Свети Никола, се купува риба, се сукаат баници, штипјани подготвени

Доага Свети Никола, граѓаните се подготвуваат за домашни слави и имендени. Се подготвува риба, сарма, баници, кифли, баклави и како останатите години, така и оваа, граѓаните достојно да го пречекаат светиот Николај Мирликиски чудотворец. Не е важно кој колку има ќе речат повозрасните на терен, туку домот да биде топол, трпезата посна, а душата чиста.

Иако овој светител се празнува со векови, сепак граѓаните се едногласни дека разликиво празнувањето има. Ако некогаш се празнувало масовно, денес по скромно. Ги нема старите навики за одење на имендени, да се носи подароци и да се сподели љубовта помеѓу луѓето. Со носталгија кон минатото, граѓаните се надеваат дека можеби во следните години животот ќе биде ист како некогаш.

Иван Митев, М-Нет