Тридневна предновогодишна програма за сите граѓани организира Општина Карбинци од 27 до 29 декември

Општина Карбинци организира тридневна програма пред Нова година, активности кои ќе бидат од делот на културата, кои ќе ги забавуваат сите граѓани. Најпрво се опфатени најмалите со театарска престава но и бесплатни пакетчиња за сите деца, а активностите ќе бидат збогатени и со стенд ап за сите граѓани во Карбинци.

„Се работи за три дена од 27 до 29 декември, активности во делот на културата, за најмалите. На 27 декември во Дом на култура во село Таринци ќе се одржи театарска прества на театарот од Скопје. Во недела на 28 декември ќе има стенд ап настан и на 29 ќе има еден настан во дворот на општинската зграда со доделување на бесплатни пакетчиња за најамлаите.“ – вели Паунов.

Целта на вака предвидената програма е на скромен начин да се дочекаат празниците и во Општина Карбинци, да бидат опфатени пред се најмалите и да се додаде празнична атмосфера.

„Очекуваме низ овие тридневни активности на еден скромен начин да го одбележиме доаѓањето на новата година и да посветиме повеќе внимание кон најмалите“ – додава Паунов.

Настани по повод Нова година се организираа и претходната година во Општина Карбинци, со цел граѓаните да ја почувствуваат празничната атмосфера во своето место на живеење.

Лаура стојанова Ќирчов, М-Нет