
Викендот на програмата ќе бидат натпреварите од осмото коло на Првата футсал лига, а во која рунда Мал Ајакс во Штип пред својата верна публика ќе се соочи против Бутел, без право на грешка со цел да излезе од опасната зона, бидејќи е на дното со три бодови.
Непоразениот лидер Проект ќе биде голем фаворит на домашен терен против Осогово, а пак шампионот Форца исто така во улога на апсолутен фаворит оди на соочување со дебитантот Бутел.
Кеги Моби ќе има неизвесен меч на домашен терен со Јувентус Серва, а Клими ќе бара враќање на победи против Шкупи на свој терен.
Александар Ванев, М-Нет