
Во сабота ќе се одржи 25. издание од Меморијалниот меѓународен турнир во борење слободен стил „Легендите на Спартак“, кој ќе се одржи во чест и спомен на 63-ца трагично починати од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
„Турнирот е посветен на сеќавањето, поччита и силата на спортот да обединува“, истакнуваат од кочанскиот клуб.
На овој турнир учество ќе земат натпреварувачи од Македонија, Косово и Бугарија, а истиот ќе ќе се одржи в сабота во салата „Сашо Лазаров – Чапо“ во Кочани.
Според програмата официјалниот дел е предвиден во 10 часот со првите натпревари, во 14:30 е предвидено свеченото отварање, а во 15 часот финалните борби.
Александар Ванев, М-Нет