
Кикбоксерите на Гладијатор Фајт од Штип утре заминуваат на силен меѓународен турнир во Ниш, Србија, каде ќе се соочат со натпреварувачи од Србија, Македонија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Романија, Бугарија, Турција, Молдавија и Грција.
Конкуренцијата на овој турнир е исклучително силна, бидејќи на овој турнир настапуваат само најдобрите кикбоксери од своите држави, што ќе биде биде вистински предизвик за штипскиот кикбокс клуб кој го води Шенол Асанов, но како што вели за М Нет телевизија, неговите натпреварувачи се подготвени да го дадат најдоброто и да го претстават Штип, но и Македонија во најдобро светло и да се вратот со медали.
Иако првично Антонија Тасева требаше да настапи само во конкуренција минус 60 килограми, сепак Тасева ќе настапува во две конкуренција односно плус и во конкуренција минус 65 килограми. Покрај нејзе од кикбокс клубот Гладијатор Фајт ќе настапат и Јован Јанковски во конкуренција минус 52 килограми, Андреја Милошевска, Леонтина Миткова и Петра Долдурова во конкуренција минус 65 килограми, Баже Јанев, Михаил Јанев и Максим Иванов во минус 32 килограми и Димитар Иванов во конкуренција минус 42 килограми.
Изминатиот период младите надежи на кикбоксот имаа напорни подготовки со цел максимално спремни да земаат учество на овој силен турнир, а од каде очекуваат да во Штип да се вратат со медали.
Тимот утре во 13 часот од Штип заминува за Ниш, Србија, со надеж за добри резултати.
Александар Ванев, М-Нет