
Соработка меѓу универитети од Казахстан и УГД Штип, како и соработка во делот на економијата беше главна тема на дискусија денеска при посетата на Амбасадорот на Казахстан на УГД Штип. Соработката меѓу двете држави веќе е воспоставена, а сега се работи на продлабочување на истата.
„Генерално можностите за соработка се во сферата на економијата, веќе се работи на оваа проблематика и се креирани координативни тела за понатамошна економска соработка и за создавање предуслови за креирање на економски форуми кои би се одвивале меѓу двете земји. Вклучени се министерите за надворешни работи. Идејата е да се воспостави што е можно поблиска економска соработка на ниво на бизнис сектори“ – вели Буршаков.
И студентите на правен факултет при УГД Штип имаа можност директно да слушнат и да научат повеќе за меѓунардоната соработка која ја воспоставува Казахстан со останатите држави.
„Настанот за Правниот факултет преставува значајна можност за студентите да слушнат малку повеќе за современите геополитички процеси и начинот на кој Казахстан ги гради своите меѓународни партнерства“ – вели Тодорова.
Настанот преставуваше отворена можност и за студентите, да поставуваат прашања и да добиваат директни одговори со што го надоградуваат своето знаење.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет